Не одела на училиште, не сака социјални мрежи - необичниот живот на Били Ајлиш



Откако ја издаде нејзината прва песна на само 15 години, кариерата на Били Ајлиш тргна во нагорна линија. До 18-годишна возраст таа веќе имаше добиено дури 5 Grammy статуетки и настапуваше ширум целиот свет. Уште од детството, Били била научена да ја сака музиката – мајка ѝ била пејачка и текстописец, а татко ѝ свирел пијано. И Били и нејзиниот брат не оделе на училиште, туку биле образувани дома, а родителите ги научиле и двајцата да ги следат нивните страсти…

The HWD Facebook commenting plugin is not published