Како да спасите живот при епилептичен напад?
Секој од нас некогаш сведочел на ситуација во која треба да се пружи прва помош. Токму поради оваа причина, студентите од ММСА (Македонска Медицинска Студентска Асоцијација), во чест на Неделата на здравје на мозок - Brain Awareness Week, покрај другите активности снимија видео како би ја едуцирале општата популација како да помогнат на некој кој има епилептичен напад. Често поради неподготвеност на популацијата овој напад може да има лош исход, па затоа вреди да бидете подготвени во секој момент.