Браќата Тавитјан и Раде Шербеџија направија одлична преработка на „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“
Браќата Тавитјан заедно со легендарниот Раде Шербеџија направија одлична преработка на македонската песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“.
Гаро Тавитјан на неговиот профил напиша:
Тавитјан и Раде Шербеџија!
Почитувани, задоволство ни е да ја споделиме со вас новата песна и видео запис на кој ни гостува легендарниот актер и вокал Г-дин Раде Шербеџија. Зад него се многубројни филмски остварувања меѓу кои и светските хитови: Mission Impossible (Tom Cruise), Taken, Batman, Snatch, The Saint, Harry Potter, Пред дождот, CSI Miami, The Promise како и неговите соло музички остварувања и соработки со врвни Балкански музичари, а и со неговиот фантастичен состав "западни колодвор" низ целиот свет.
Шербеџија од неодамна е и член на најпрестижната филмска академија - Оскар. Тој е уметничка големина со светско реноме и е човек кој целиот живот се залага за единство помеѓу народите, надминување на разликите и нивна комуникација преку културата. За оваа прилика уште еднаш се потрудивме да дадеме заеднички музички придонес во чест на нашата земја, нашиот јазик и култура во една модерна акустична верзија. Посебна благодарност до Г-дин Амир Бахтијаревиќ (BABA production) како и до Александар Ристовски (AleXander) кој го изработи видеото. Благодарност до Александар Икономов за контрабас делницата. Благодарни на оваа чест, се надеваме дека и вие ќе уживате.