Премиерно: Погледнете го спотот на Елена Ристеска и Хари Варешановиќ
Конечно дуетската песна на нашата позната пејачка Елена Ристеска и босанската ѕвезда Хари Варешановиќ, односно Хари Мата Хари, „Још ме плашиш“ доби свој видеозапис.
Спотот започна да се снима уште пред неколку месеци во Скопје, а дел од кадрите се доснимија во Белград и тоа пред само една недела.
Автор на музиката на оваа песна е токму Хари, текстот го напишаа Алма Абдагиќ, Ален Лемешевиќ и Фахрудин Пецикоза, додека аранжманот е дело на нашиот Дарко Димитров.
Делот од спотот кој се снимаше во „Хотел Русија“ во Скопје, беше под режисерската палка на Васил Христовски, како директор на фотографија се потпишува Дуле Кардалески, а за организација се погрижи „Џубокс продукција“.
За стајлингот на Елена и овој пат беа задолжени нејзините долгогодишни соработници Даниел Николовски и Мила Кадриу.
На останатиот дел од спотот кој се досними во Белград, како режисер се потпишува Мурис Беглеровиќ и „Готива продукција“.
За целиот овој проект да изгледа вака, Елена и Хари упатија благодарност до: „Кроација осигурување - живот“, УПЦ, „Смирноф“, „Адора Инжинеринг“, „Хотел Русија“, „Фешн Груп“, Елеонора Неделковска и Васко Спасоски.
Извршен продуцент на овој спот е Елена Ристеска.