Каков здравствен работник си ти?



И по повеќе од три децении од појавувањето на ХИВ во светот и во Македонија, помеѓу здравствените работници постојат негативни ставови и перцепции кон лицата што живеат со ХИВ. Стравувајќи дека воопшто нема да ја добијат здравствената услуга или дека ќе бидат на друг начин дискриминирани, засрамени или етикетирани, лицата со ХИВ честопати се плашат да го обелоденат својот ХИВ статус пред здравствените работници.

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ - ЗАЕДНО ПОСИЛНИ одлучи да истражи какви се реакциите на здравствените работници кога се сведоци на случај на дискриминација на лице со ХИВ. За таа цел употребивме форум театар како интерактивна алатка со која се пренесуваат информации и знаење и се постигнува промена на ставовите и однесувањето. 

На форум театарот присуствуваа здравствени работници, студенти на медицина и граѓански активисти каде беа прикажани реални ситуации на стигма и дискриминација на лица со ХИВ во здравствениот сектор.

Прашањето кое сакавме да го одговориме е: Што би направиле здравствените работници во случај на дискриминација на пациент со ХИВ за да го променат текот на приказната?  

На наше големо задоволство, здравствените работници покажаа проактивност и соодветна реакција во случај на стигматизирање на лице со ХИВ. Со знаење и информираност апелираа против предрасуди кон лицата со ХИВ и поттикнаа промени во однесувањето.

The HWD Facebook commenting plugin is not published