Македонски бенд со потенцијал - новата песна на „The G Notes“
Братот и сестрата Гошеви се членови на бендот „The G Notes“ од Гевгелија. Настапуваат скоро во сите градови во Македонија, но, исто така и на некои места во Европа. Теодора има освоено три први награди во категорија пеење: „Француска шансона 2012“ во Скопје, „МАССУМ - Образовно рандеву 2012“ во Струмица и „Д'га над Клептуза 2014“ во Велинград, Бугарија.
Штотуку ја објавија нивната нова авторска песна "Sailing Ship", преслушајте ја.