Cyrillic ft. Sarah Mace – Денот да е убав (remix)
Прилепчаните Андреј и Бојан Ивановски се дел од електронското дуо Cyrillic кое постои од почетокот на 2014 година. Препознатливи се по нивниот уникатен стил и енергични сетови. Продуцираат своја авторска музика и сакаат да бидат преродбеници во ширењето на „писменоста” за овој вид музика. Нивниот најнов ремикс е на песната „Денот да е убав“ од Сара Мејс.