Пилот се заглавил надвор од пилотската кабина



Откако отишол до тоалетот, заборавил дека има проблем со  вратите од пилотската кабина и дека нема да може да се врати назад. Кога тоа им го кажал на патниците, логична е паниката за тоа дека летаат во авион без пилот. За среќа ко-пилотот успеал мирно да го спушти авионот и да нема никаква опасност.