Најбрзата пица ќе ви стигне со хеликоптер
Досетлив сопственик на пицеријата „Франческо“ во Бомбај смислил уникатен начин за достава на храна со хеликоптер. Штом вработените добијат нарачка, пица-мајсторот ја подготвува експересно брзо, се пече веднаш на висока температура во фурна, се пакува и се монтира на мини-хеликоптер со навигација кој добива команда и ја носи до потребната локација побрзо од што било.