Човек кој вози куфер
Кинескиот земјоделец Хе Лиангаки го претворил својот куфер во електричен скутер. Тој смета дека неговиот изум ќе направи револуција во начинот на транспорт. На скутер на батерии го ставил својот куфер, па истовремено се превезува и тој и неговиот багаж. За да ја направи успешно целата механизација му биле потребни околу 10 години.