МелеМ за уши –слушнете ја „Звезда“
МелеМ е нов македонски бенд составен од Саше Љолес и Огнен Шапковски, а „Звезда“ е нивниот прв сингл со кој се промовираат. Оригинална и поразлична од она што е веќе слушнато. Отпеана на руски јазик, со текст на Саше, музика на Огнен, а дел од бендот се и Иво Митковски и Петар Лукич. Снимена е во студиото Токсикологија, продуцент е Дејан Јанушев – Скитара. Режијата на видеото е од веќе докажаниот Огнен Шапковски, зад камерата е Кристијан Теодоров.
Слушнете, уживајте, споделете!