Седумгодишно момче покажува неверојатен талент
Сергеј Евпол, момче од Украина кое има 7 години на шоуто „Јас имам талент“ покажало дека има неверојатни гимнастички способности. Силата која ја има во рацете и еластичното тело му овозможуваат да се свиткува на различни начини и тоа да го прави толку професионално и вешто. Публиката е воодушевена, а дечињата кои се на негова возраст се зачудени од она што го изведува малото момче. Со континуирано вежбање Украина може да го има следниот светски олимписки шампион во гимнастика. Погледнете го чудото од дете: