Patience – прилепски рок бенд со моќна изведба на „Feeling good“
Новиот македонски рок бенд „Patience“ од Прилеп, составен од Ангела Ѓуричанин - вокал, Христијан Ристески - гитара, Игор Кимоски - клавијатура, Горан Дукоски - бас и Бојан Андревски – тапани има одлична преработка на песната „Feeling Good“. Сето тоа снимено и како видео запис со кој сакаат да се претстават пред публиката и да ја повикаат на нивните ноќни свирки низ Македонија. Ако сте љубители на рок музиката, ова е бендот што сигурно ќе сакате да го слушнете во живо!