Како реагира лименка од Coca-Cola на 2000 степени вжештена лава
Лименка со само една мала дупка е поставена во близина на вжештена лава, која како што ја допира, така сè повеќе ја вжештува и течноста која зоврива од неа излегува само низ дупката, која е направена за да не настане експлозија. Она што ќе ве шокира е дека при толку висока температура лименката не се топи при првиот допир. Можете да замислите што е потребно за да се разградат лименките кои ги фрлате во природата, каде има многу послаби природни влијанија.