Електричен велосипед од 6.000 евра
Електричниот велосипед Greyp Bikes веќе може да се најде во продажба, а цената му е 6.000 евра. Greyp Bikes може да помине од 30 до 120 километри зависно од начинот на возење. Можете да го возите на педали, но и преку моторот. Максималната брзина е ограничена на 65 километри на час. Интересна е и интеграцијата со паметни телефони.