Дупка во ѕидот, колекција патики – Дејвид Бекам го покажува првиот дом што го купиле со Викторија во 1997-ма
Денес Дејвид и Викторија Бекам живеат во огромна куќа вредна над 30 милиони долари, но нивниот прв заеднички дом бил далеку поскромен. Во видео направено во 1997 година, познатиот фудбалер ја покажува првата куќа што ја купиле со Викторија по цена од околу 150.000 долари и каде што живееле пред да стапат во брак. Во видеото Дејвид покажува како изгледа неговиот гардеробер во кој има огромна колекција патики, а гордо ја покажува и дупката на ѕидот во една од просториите.