D’Reamers и Наташа Миха со нов аудио и видеозапис – „Да исчезне сè“
Синиша Карафилоски и Јордан Џејмс Ивановски со нивниот заеднички проект D’Reamers ја промовираа нивната трета песна насловена „Да исчезне сè“. Песната е соработка со Наташа Миха која е еден од вокалите, како и коавтор на текстот. Музиката, како и текстот се дело на Синиша Карафилоски и Дамир Пух. За композицијата е направен и видеозапис снимен во GreenRoom Sound Studio. Уживајте!