Бијонсе, Кортни Кардашијан – познати личности за кои никој не сака да работи бидејќи се ужасни шефови
Поранешна дадилка на Бијонсе откри дека пејачката ја натерала да ја научи целата кореографија на Single Ladies за да може да ја изведува за ќерка ѝ Блу Ајви. Наводно, ќерката на поп-дивата престанувала да плаче само кога ја слушала песната и гледала како некој ја танцува кореографијата. Кога ќе земете предвид дека на самата Бијонсе ѝ биле потребни неколку недели да ја научи кореографијата, ова барање е навистина бизарно.