Одлична преработка на народната песна „Налеј, налеј“ од младата виолинистка Сања Здјелар
Сања Здјелар е 19-годишна виолинистка која дефинитивно го заслужува вашето внимание. Веќе три години таа прави преработки на песни од нашите простори бидејќи, како што вели самата, сака да нè доближи до убавината на музиката преку звукот на нејзината виолина. Нејзината најнова преработка е за познатата македонска народна песна „Налеј, налеј“ и звучи одлично. Уживајте!