Вежби за истегнување, квалитетен душек – како да се наспиете ако имате болки во грбот?
Болките во грбот стануваат сè почеста појава, а една од главните причини за ова е нашиот начин на живот. Не само што повеќето од нас поголемиот дел од денот го минуваме во седење, туку и воопшто не обрнуваме внимание на држењето на телото, а ова може да предизвика силни болки. А, ако имате поизразени болки во грбот, тогаш веројатно имате проблеми и со спиењето. Па, што можете да направите во врска со ова и конечно да се наспиете како што треба?