Џеј Ло во венчаница на American Music Awards - го отпеа хитот од нејзиниот филм „Marry Me“



На овогодишното доделување на American Music Awards на сцената се качи и Џеј Ло, и тоа во венчаница од Dolce & Gabbana. Пејачката го изведуваше нејзиниот сингл од филмот „Marry Ме“ во кој таа ја има една од главните улоги. Најпрво Џеј Ло се појави на сцената со црн фустан, за набрзо потоа да го соблече и да ја открие венчаницата со широко здолниште и корсет. 52-годишната пејачка дефинитивно привлече најмногу внимание на доделувањето на наградите со нејзиниот настап.

The HWD Facebook commenting plugin is not published