Хрватските навивачи едногласно ја пеат „Cesarica“ од Оливер Драгојевиќ на стадионот во Сплит
На натпреварот помеѓу Хрватска и Русија на стадионот Пољуд во Сплит, Хрватите ја покажаа поддршката за нивниот тим со емотивен гест. Сите фанови едногласно почнаа да ја пеат познатата песна на Оливер Драгојевиќ – Cesarica. Наводно, ова е веќе традиција и фановите на трибините скоро секогаш ја пеат песната кога игра Хрватска. Емотивниот момент е овековечен и на видео кое веќе стана вирално. Уживајте!