„Никогаш не сте стари за да верувате во магијата на празниците“ – емотивната божиќна реклама на McDonald’s ќе ве врати во детството



Празничната сезона им причинува радост и на децата, и на возрасните, а божиќната реклама на McDonald’s одлично го прикажува тоа. Емотивното видео сигурно ќе ве врати во детството и ќе ве натера да сфатите дека навистина никогаш не сте стари за да верувате во магијата на Божиќ. Главните ликови во видеото се мало девојче и нејзиниот измислен пријател Иги. Во детството, Иги му помага и го охрабрува девојчето во многу ситуации, но кога ќе порасне, таа го заборава. Сепак, кога ќе здогледа мало детенце кое му дава храна на својот измислен пријател, таа веднаш оди дома за повторно да го најде Иги и да си ја врати вербата во магијата.

The HWD Facebook commenting plugin is not published