Нова песна на Каролина Гочева, Пијан Славеј и Дуке Бојаџиев - „Крв да ни се стори“



„Крв да ни се стори“ е насловот на новата песна што излезе од соработката помеѓу Каролина Гочева, Пијан Славеј (Бранислав Николов од Фолтин) и Дуке Бојаџиев.
Според Каролина, „Крв да ни се стори“ е танц на копнеење во двојка... Од првиот, срамежлив чекор облеан во топлото есенско сонце, до вртоглавиот вител потопен во безумното вечерно вино.
Каролина ова лето ја објави песната „Идила“, а беше најавен и нов студиски албум со 11 песни, кој ќе излезе во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

The HWD Facebook commenting plugin is not published