Кога ќе дојде неочекуван гостин, покажете му како се слави Божиќ – уникатната божиќна реклама со вонземјанин и младо момче
Брендот John Lewis ја воодушеви јавноста со необичната, но прекрасна божиќна реклама за оваа година која вистински ќе ви го стопли срцето. Имено, целта на брендот е да им помогне на луѓето вистински да ја почувствуваат божиќната магија по две години живеење во неизвесност поради пандемијата. Овогодишната реклама е краток филм во кој главните ликови се младо момче и вонземјанин чиј вселенски брод се руши во шума. Момчето го сретнува вонземјанинот и одлучува да му ја покаже магијата на Божиќ додека тој да си го направи бродот за да си оди дома. Како што велат од John Lewis – кога неочекуван гостин ќе слета во вашата шума, покажете му како се прославува Божиќ.