19 секојдневни навики што драстично ќе ви ги подобрат здравјето и расположението
Ако сакате да направите позитивна промена во животот и некои лоши навики да ги замените со добри, тогаш сте на вистинското место. Можеби немате време да вежбате неколкупати неделно или секој ден да готвите здрави оброци, но можете значително да си го подобрите здравјето, а со тоа и расположението, со неколку едноставни секојдневни навики. Ако, на пример, немате воопшто време за вежбање, потрудете се да се движите повеќе – наместо со лифт, одете по скали, наместо со автомобил, одете на работа со велосипед. Во ова видео погледнете кои се едноставните секојдневни навики кои ќе ве направат поздрави и посреќни.