Не смеат да носат накит, мораат да изгледаат убаво - Најлудите правила што ги следат вработените на Ким Кардашијан
Можеби многумина сонуваат да работат за Ким Кардашијан, но по сè изгледа дека ова не е воопшто лесно бидејќи Ким ги има најлудите барања за нејзините вработени. На пример, без разлика дали станува збор за дадилки, готвачи или нешто друго, Ким очекува сите да бидат дотерани и да изгледаат добро, без исклучоци. Истовремено, вработените не смеат да носат накит. Односно, можат да носат нешто минималистичко што не се ни забележува, но никако впечатливи обетки и слично.