30 брзи и едноставни техники за смирување во миговите кога сте изложени на многу стрес
Стресот е сериозен проблем во денешното општество, а кога не се справувате правилно со него, можно е да почнете да се соочувате и со панични напади. Овие мигови можат да бидат многу застрашувачки и може да ви се чини како да губите контрола над сè, но постојат некои едноставни техники кои ќе ви помогнат барем малку да се смирите. Во миговите кога чувствувате дека стресот ве надвладува, пробајте да го контролирате дишењето. Почнете да дишете полека и длабоко и речиси веднаш ќе се смирите. Исто така, пробајте да обрнете внимание на вашата околина – фокусирајте се и на најситните детали и со тоа ќе си го одвлечете вниманието од лошите мисли и колку-толку ќе си ја вратите контролата…