Не правите план, стискате „snooze“ на алармот - лоши утрински навики што ви го уништуваат целиот ден
Не залудно велат дека денот по утрото се познава. Сигурно и сами сте забележале дека ова е апсолутна вистина. Кога ќе го почнете утрото како што треба, кога ќе си дадете време да се расоните, кога ќе си подготвите хранлив појадок, целиот ден ви минува многу подобро. Ова значи дека лошите утрински навики навистина можат да ви го расипат целиот ден. Па, кои се најчестите вакви навики што добро би било да ги избегнувате?