Куршумот веројатно ќе се движи засекогаш - што ќе се случи ако испукате пиштол во вселената?



Во научно-фантастичните филмови редовно има сцени со експлозии и пукање во вселената, но секој научник ќе ви каже дека ова е далеку од реалноста. Вселената е многу, многу поразлична од Земјата, па оружјата ќе се „однесуваат“ многу поразлично. Ако, на пример, решите да испукате пиштол во вселената, куршумот ќе се движи засекогаш. Бидејќи во вселената нема никакво триење што би го забавило куршумот, тој ќе продолжи да се движи засекогаш, односно сè додека не се судри со некој објект, како метеор и планета. А, кога ќе се земе предвид колкава е вселената, шансите за ова се навистина мали. Погледнете го видеото и дознајте што друго би се случило ако испукате пиштол во вселената.

The HWD Facebook commenting plugin is not published