Мајли Сајрус повторно провоцира на сцена со високи чизми и минијатурен фустан



Мајли Сајрус стана препознатлива по провокативните изданија на сцена, а не ја испуштила можноста да покаже повеќе кожа и за време на настап во Висконсин. Пред неколку денови, Мајли настапуваше на фестивалот Summerfest 21, а за изведбата на Plastic Hearts пејачката одбрала минијатурно фустанче, во комбинација со високи чизми. Горниот дел од фустанот ги покрива само градите на пејачката и дел од стомакот, додека долниот е многу кратко здолниште кое не покрива скоро ништо.

The HWD Facebook commenting plugin is not published