Квалитетна исхрана, социјализација – како вашето милениче да биде среќно во вашиот дом?
Ако имате или планирате да вдомите милениче, тогаш сигурно се прашувате како можете да му помогнете да биде среќно во вашиот дом. Без разлика дали станува збор за куче или мачка, постојат неколку работи кои мора да ги земете превид ако сакате вашето милениче да биде здраво и задоволно. Едно од најважните нешта е, се разбира, исхраната. Од голема важност е вашиот миленик да внесува здрава и разновидна храна која не само што ќе му дава енергија, туку и ќе го зачува неговото здравје. Ако не сте сигурни која храна е најдобра за вашето милениче, секогаш можете да се консултирате со вашиот ветеринар.