Човечкиот организам е неверојатна машина - како зараснуваат раните на нашето тело?
Нашето тело несомнено е неверојатна машина. Освен можеби забите, сите ткива во нашето тело можат да се регенерираат и поради оваа моќ луѓето се способни да преживеат навистина страшни и опасни повреди. На сите ни се случило да се повредиме – случајно да си го исечеме прстот, да паднеме и да ги изгребеме колената, да се удриме – па сите знаеме како изгледа зараснувањето на раните. Но знаете ли што се случува во организмот додека се обидува да ја зарасне раната и како всушност нашето тело знае што треба да прави? Ова видео ќе ви помогне да откриете.