Екстремен замор и уште 4 знаци дека можеби се соочувате со нервен слом
Нервниот слом претставува состојба во која личноста е изложена на толку многу стрес, што има проблеми со извршувањето и на наједноставните обврски. Иако самата дефиниција ќе ве натера да помислите дека дефинитивно би го забележале нервниот слом, реалноста може да биде поразлична. Па, кои се симптомите? Дали вашето расположение постојано се менува, и тоа еден екстрем до друг, а притоа нема никаква причина за тоа? Дали постојано чувствувате екстремен замор, без разлика колку сте спиеле и дали воопшто сте правеле нешто што ќе ве измори? Сето ова можат да бидат знаци дека се соочувате со нервен слом.