Како да ги отстраните тврдокорните дамки со продукти што сигурно ги имате дома?
Колку и да се внимателни, дамките се нешто неизбежно. На сите ни се случило да истуриме кафе, сок или, најлошото, црвено вино на тепихот, па сите знаеме колку тешко може да биде отстранувањето на дамките. Денес во продавница лесно можете да најдете средства за секакви дамки, но некогаш мора да делувате веднаш. Во тие случаи сигурно ќе ви се најдат овие „домашни“ средства за кои ќе ви требаат продукти што сигурно ви се наоѓаат во домот.