Кристен Стјуарт е копија на Дијана во трејлерот за новиот филм за омилената принцеза



Иако досега имавме можност да видиме фотки од Кристен Стјуарт како Дијана, сега конечно пристигна и трејлерот, а по сè изглед актерката е совршен избор за улогата на омилената принцеза. Филмот насловен Spencer се фокусира на периодот кога бракот на Дијана и Чарлс веќе значително се влошува, периодот кога почнуваат гласините за бројните афери и разводот. Всушност, дејството опфаќа само неколку денови од животот на Дијана, за време на божиќните прослави на кралскиот имот Сандрингем. Приказната е претпоставка за тоа што можеби се случило овие неколку денови кои имале огромно влијание врз судбината на Дијана.

The HWD Facebook commenting plugin is not published