Не си забранувајте одредена храна, измијте ги забите - како да се справите со желбата за грицкање?



Колку пати ви се случило неполн час по ручек да почнете да размислувате за нешто за грицкање, како чипс? Желбата за грицкање е нешто со коешто се соочуваме сите, а и сите знаеме дека ако ѝ подлегнуваме секојпат, наскоро ќе се соочиме со многу проблеми. Но некогаш се чини невозможно да ѝ одолеете на храната, дури и кога знаете дека прејадувањето не е добро за вас. Па, што можете да направите во овие моменти? Иако можеби звучи чудно, ако престанете да си забранувате одредени видови храна, многу полесно ќе се справите со желбата за грицкање. Ако, на пример, целосно си забраните да јадете чипс, вашата желба за оваа храна ќе стане уште поголема. Наместо тоа, дозволете си да јадете чипс, но во умерени количини и не секој ден…

The HWD Facebook commenting plugin is not published