„Направи сам“ проекти за максимално искористување на просторот во бањата
Ако живеете во стан, најверојатно имате помала бања, па сигурно не ви е лесно да најдете место за сите потребни предмети што ги чувате таму. Но, некогаш е доволно да направите само неколку мали промени со кои не само што ќе додадете простор за складирање, туку и ќе го подобрите изгледот на бањата. Во ова видео можете да погледнете неколку „направи сам“ проекти кои ќе ви помогнат целосно да го искористите просторот во вашиот тоалет.