Анемија, депресија - 13 можни причини зошто постојано сте уморни
Дали постојано чувствувате замор, без разлика кој дел од денот е? Најочигледната и најчестата причина за ова е, секако, недостатокот од сон. Но што ако спиете доволно, а сепак постојано сте уморни и немате енергија за ништо? Постојат неколку можни причини за постојаниот замор и ако сакате да се чувствувате подобро, мора да дознаете кој е проблемот кај вас. Знаевте ли дека анемијата може да биде причина за постојан замор? Анемијата е всушност недостаток на железо во крвта – една од најважните состојки на црвените крвни зрнца. Црвените крвни зрнца го разнесуваат кислородот низ организмот, а кога имате недостаток на железо, вашето тело не добива доволно кислород. Ова, пак, први да се чувствувате уморно.