Како да престанете да се грижите што другите мислат за вас?
Нормално е да сакате да оставите добар впечаток, без разлика дали на работното место или со група пријатели, но кога туѓото мислење за вас ви станува опсесија, тогаш се јавува сериозен проблем. Кога постојано сте загрижени за тоа што мислат другите за вас, постојано ќе се критикувате, ќе си поставувате нереални цели и сами ќе си ја срушите самодовербата. За жал, многу луѓе се наоѓаат во ваква ситуација, а неретко не се ни свесни колкава штета си предизвикуваат. Па, како еднаш засекогаш да престанете да се грижите што другите мислат за вас? Погледнете го видеото и дознајте.