Учите од грешките и уште 7 знаци дека ви оди многу подобро во животот отколку што мислите
Дали често се чувствувате лошо бидејќи уште не сте ги постигнале вашите цели? Дали постојано жалите за испуштените можности и сметате дека сте неуспешни само затоа што не сте си ги исполниле желбите од младоста? Лесно е да заглавите во овој циклус на негативни мисли, но овие мигови треба да си ја промените перспективата и да ја погледнете вашата ситуација и од друг агол. Дали кога ќе направите грешка учите некоја лекција од неа и повеќе не ја повторувате? Дали ги цените луѓето во вашиот живот и сметате дека можете да се потпрете на нив? Дали знаете што сакате од животот, без разлика што можеби уште не сте стигнале дотаму? Тогаш вам ви оди многу подобро отколку што ви се чини.