Дали принцезата Дијана би ја сакала Меган Маркл + што би рекла за скандалот со кралското семејство?
Пред само неколку месеци, Меган Маркл и принцот Хари направија скандалозно интервју со Опра Винфри каде што навистина го „оцрнија“ кралското семејство. Тие изјавија дека биле соочени со расизам поради афроамериканското потекло на Меган и нагласија дека нивните потреби биле целосно игнорирани, без разлика што менталното здравје на Меган било во загрижувачка состојба. Бидејќи и принцезата Дијана си имаше свои конфликти со кралското семејство, многумина се прашуваат дали би ја поддржала одлуката на нејзиниот син и дали би ја сакала Меган Маркл. За жал, поради нејзината прерана смрт, не можеме да знаеме со сигурност, но кралските експерти имаат неколку теории во врска со тоа.