Греми награда, музички проекти - Блу Ајви, ќерката на Бијонсе, нижи успеси на само 9 години



Блу Ајви е најстарата ќерка на Џеј Зи и Бијонсе, а сè почесто докажува дека ги наследила талентите и на двајцата родители и дека уште сега можеме да ѝ предвидиме блескава кариера. Иако има само девет години, Блу има добиено Греми награда и се има појавено на албумите на нејзините родители. Таа има работено и на документарци, а беше и наратор на аудио книгата Hair Love. Талентираното девојче беше и модел за модната линија на Бијонсе - Ivy Park – за која пејачката вели дека црпела инспирација токму од ќерка си.

The HWD Facebook commenting plugin is not published