Чистење со конец, многу вода - Како да го намалите ризикот од кариес?
Постои причина зошто уште од најрана возраст нè учат да ги миеме забите двапати дневно - ако не обрнувате внимание на оралната хигиена, забите ќе ви се расипат многу брзо, а кариесот, пак, може да води до стотици други здравствени проблеми. Но што ако редовно ги миете забите и сепак често ви се појавува кариес? Постојат неколку совети што ќе ви помогнат барем да го намалите ризикот од кариес. Од чистење со конец и често менување на четката за заби, па сè до користење паста за заби со флуор, погледнете како можете да го намалите ризикот од кариес.