Љубопитност, перфекционизам - 9 знаци дека сте личност надарена со многу таленти
Постојано слушаме за надарени деца или луѓе кои наводно се истакнуваат над другите со нивниот интелект. Но како да познаете дали можеби и вие спаѓате овде? Постојат неколку карактеристики кои им се заеднички на повеќето надарени луѓе, а можеби најочигледна е љубопитноста. Дали сте љубопитна личност и кога ќе слушнете за нешто ново, веднаш сакате да научите повеќе за тоа? Дали истражувате за теми кои другите ги сметаат за досадни или неважни? Тогаш голема е веројатноста и вие да сте личност надарена со многу таленти.