Хормонални промени, негативни емоции - неколку причини зошто не сте гладни наутро
Постојано слушаме за тоа колку е важен појадокот. Всушност, некои го нарекуваат и најважниот оброк во денот. Но колку пати ви се случило да се разбудите без воопшто да сте гладни? Иако за некои луѓе ова е сосема нормално и скоро никогаш не чувствуваат глад наутро, некогаш причината може да биде и некој проблем. На пример, неретко хормоналните нарушувања имаат влијание врз апетитот, а истото важи и за негативните емоции кои се последица од стресот.