Се снима филм за „бегството“ на Меган и Хари од палатата - јавноста го исмејува
Неодамна беше објавен трејлер за филмот чие дејство раскажува за периодот кога Меган и Хари го напуштија кралското семејство. Филмот е насловен „Harry & Meghan: Escaping the Palace“, односно „Хари и Меган: Бегство од палатата“, но јавноста не е воопшто воодушевена. Досега речиси и да нема позитивен коментар за трејлерот, а многумина нагласуваат дека, заедно со насловот, е премногу драматичен без никаква потреба. Некои, пак сметаат дека актерите кои ги глумат Меган и Хари се многу лош избор…