10 ситуации во кои Џенифер Лоренс покажа дека е ужасна личност
Џенифер Лоренс лесно ги освои срцата на фановите со смислата за хумор, безгрижноста и искреноста. Но, изгледа дека актерката е далеку од најдобрата личност на светот, а постојат многу ситуации кои го докажуваат тоа. Дел од сцените во Hunger Games се снимени на Хаваи, а актерката сама призна дека покажала непочитување кон тамошната култура. Бидејќи долг период морала да носи костим за пливање, неретко ѝ било непријатно и ја чешало целото тело. Во еден ваков миг, Џенифер откри дека се исчешала од камења кои за тамошните жители се свети. Актерката нагласи дека за жителите камењата се толку свети, што никој не смее ни да седне на нив, но за неа ова не било воопшто важно.