Џенифер Анистон и Бред Пит - најтажните јавни разводи и раскинувања на славните личности
Иако јавноста секогаш дознава за раскинувањата и разводите на славните, неретко поминува барем некоја недела пред тие самите да ја соопштат веста. Но некои разделби од светот на славните се случуваат пред очите на јавноста и сите сме сведоци на овие тажни моменти. Можеби најдобриот пример за ова е разводот на Џенифер Анистон и Бред Пит. Уште пред да се разделат, во медиумите се појавија шпекулации дека Бред можеби ја изневерува Анистон со Анџелина Џоли, а кратко по овие гласини, тие навистина се разведоа. Како ова да не беше доволно болно за Џенифер, по разделбата Бред Пит изјави дека неговиот живот станал досаден и дека бракот со Анистон дефинтивно имал удел во тоа…