Лоба: Музичкото анплагд матине на мојот Јутуб ќе ви овозможи да уживате во албумот „Нов свет“



Пејачката Викторија Лоба & Friends продуцираа анплагд музичко матине за нејзиниот албум „Нов Свет”. Официјално може да се чујат шест песни на ЈуTуб каналот на Лоба, буквално песни за сечиј вкус.

- После долг период на музички молк во однос на концерти во живо, музиката во нас мораше да го најде својот пат и да се искаже. Така се роди ова анплагд музичко матине, без размислување јас и сите од бендот рековме - го правиме. Ве поканувам на мојот Јутуб канал за да уживате во секоја песна. Лично мене ми е посебно драга новата верзија на „Само мој” неочекуван нов аранжман кој со себе повлече и нов стил на изведба на самата песна, вели Викторија Лоба.

Анплагдот го изработија Дина Јашари, придружен Вокал, Кристијан Кожумановски бас гитара, Теодор Теодосиевски тапани, Стефан Алексовски клавијатури, Филип Попов гитара, а продукција  на видеото се Дарко Митев и Стефан Николовски и аудио снимање, микс, мастеринг Нино. 

Песните Нов свет, Една единствена, Само мој, Дојди, Опиум и Воздушка се пееле едно неделно попладне во Каре Македонија.

The HWD Facebook commenting plugin is not published